Ѓоковиќ испрати утешителна порака до Јокиќ кој се најде во првата петорка!

968

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е избран во првиот тим на НБА. Тој имаше исклучителни 29,6 поени, 12,7 скока и 10,2 асистенции, но тоа не беше доволно за да ја освои титулата за најкорисен играч пред Шеј Гилџес-Александар, ниту пак да му дозволи на својот тим барем да стигне до финалето на Западната конференција.

За многумина, „неофицијалниот МВП“ повторно беше избран во тимот на годината на најсилната лига во светот благодарение на најдобрата индивидуална сезона во неговата кариера. Нему му се придружуваат Шеј Гилџес-Александар, Џејсон Тејтум, Донован Мичел и Јанис Антетокунмпо.

Во оваа пригода, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, имаше и порака за Никола Јокиќ, кој му се обрати и на англиски и на српски јазик.

„Никола, честитки за уште една историска сезона. Им докажа на сите дека не се во право кога велеа дека не можеш да играш подобро отколку што играше во последните три или четири години. Сруши толку многу рекорди, испиша спортска и кошаркарска историја, не само во Америка, туку и низ целиот свет. Од нашата сакана и прекрасна Србија, ти испраќаме поздрави до Денвер, се надеваме дека ќе напишеш уште многу историја во годините што доаѓаат. Сè најдобро“, рече Ѓоковиќ во видеото.

Останатите петмина се: Џејлен Брансон, Еван Мобли, Стеф Кари, Ентони Едвардс и Леброн Џејмс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Denver Nuggets (@nuggets)

ПретходноНема лек за Индијана на гости, Пејсерси со двоен брејк (ВИДЕО)
СледноАЕК без најголемата ѕвезда на реваншот против Алкалоид