Спанулис до Јасикевичиус: Малака, знаеш што е најлошо, ја немаме топката!

1153
Фото: Евролига

Вечерва во Абу Даби ќе биде познато името на новиот шампион во Евролига, а во битката за трофејот ќе се борат Монако и Фенербахче, мечот е закажан со почеток во 19 часот.

На клупата на двајцата финалисти седат две кошаркарски легеди, Василис Спанулис и Шараунас Јасикевичиус. Доста интересно е што Спанулис и Јасикевичиус беа соиграчи и освоија шампионска титула под водство на големиот Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос Атина.

Јасикевичиус на прес-конференцијата откри дека Спанулис пред полуфиналето му рекол: „Малака, знаеш што е најлошо, ја немаме топката“.

Спанулис му се пофали на својот поранешен соиграч велејќи: „Сарас е победник, натпреварувач, има одличен ум за кошарка, како играч и тренер. Имам огромна почит кон него. Тој е мој пријател.

Тој, исто така, откри малку од својот тренерски став кога рече: „Кога почнав да бидам тренер, реков дека не можам да се однесувам кон играчите како што се однесував кон себеси, бидејќи не знам колку можат да одат далеку.“

За Монако, предводен од Спанулис ова ќе биде прво финале, второ учество на Ф4 завршницата, на другата страна Фенербахче има една титула и две учества во финалето во Евролига (2016/2018).

Пред финалето во битката за третото место ќе се сретнат Олимпијакос и Панатинаикос, мечот е закажан во 16 часот.

 

ПретходноДали се наѕира новиот тим? Тен Хаг е близу до враќање на терените
СледноГрчките гиганти со “одговор“: Шортс во Панатинаикос, Мициќ во Олимпијакос!