Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски брани во одлична форма, па по само две кола во Ла Лига е број еден по одбранети удари, односно е единствениот кој има двоцифрен број на одбрани – 12.
Голманот на Рајо Ваљекано во двата досегашни мечеви прими четири гола, но два од нив од пенали против Севиља и Реал Сосиедад, а прими само два гола од игра од вкупно 14 шута кон неговиот гол.
Сисиедад ги загуби двата натпревари, а Столе имаше одличен настап против Севиља откога влезе на местото на Лука Зидан. Само на мечот со Сосиедад пред неколку денови имаше седум одбрани.
Зад него е голманот на Селта Матијас Дитуро, а третото место го делат Ескандел од Гранада и Џеремаја Ледесма од Кадиз со по 8 одбрани.