АЕК излезе со соопштение само како потврда за нивното срамно и неспортско сценарио

5541

АЕК, тимот кој оваа сезона е познат по предизвикување на инциденти и повлекување на екипата кога чувствува дека е во губитничка состојба се повлекува. Ова се случи вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, АЕК не излезе на терен, бидејќи така им нареди претседателот, кој пак доби закани од фановите на клубот. Навивачите на грчкиот тим поради безбедносни причини беа вратени од пред сала, па им порачаа на ракометарите дека ќе следат мерки во Атина ако одлучат да играат.

Е сега на цела оваа ситуација, АЕК излезе со смешно соопштение.

„АЕК значи чест, гордост, почит, морални вредности… АЕК значи семејство, значи обединетост. Најголемата поддршка ја добиваме од нашите верни навивачи, а непочитување на тие навивачи значи и непочитување на АЕК. Затоа, нашата управа денеска едногласно донесе тешка, но неопходна одлука.

Нема сила што може да нанесе неправда, како што локалните власти се обидоа, кулминирајќи со недозволувањето на дел од нашите навивачи да ја минат границата и да влезат во земјата, како што беше договорено на утринскиот безбедносен состанок. Сите сме тука, продолжуваме обединети, не преговараме за гордоста на АЕК“, се вели во соопштението на атинскиот клуб.

ПретходноНа Ролан Гарос специјална церемонија за Рафа, тука беа и Новак, Роџер и Мареј! (ВИДЕО)
СледноЛевандовски и Олмо за триумф на Барса во Билбао