Миовски: Повредата е минимална доаѓам подготвен за Белгија и Казахстан

323

Нашиот прв репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски не беше во составот на последниот дуел за својот тим Џирона. Веднаш се постави прашањето дали е се во ред со него, особено ако се знае дека за неколку дена следува прозивката за квалификациските дуели кои Македонија ги игра против Белгија и Казахстан.

„Ништо страшно. Минимална повреда, доаѓам во Скопје подготвен за мечевите со Белгија и Казахстан“ – ни изјави Миовски претпладнево.

Ова секако дека е одлична вест за нас, затоа што и онака нашиот состав кубури со повреди и мала минутажа на главните играчи.

Само за потсетување од стандардните играчи, Никола Серафимов се опоравува од повредата на коленото, а секако има и суспензија за првиот дуел против Белгија во Скопје.

Истиот го играме на шести јуни на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 20:45 часот, додека три дена подоцна на девеети, гостуваме во Казахстан.

 

 

ПретходноТалески повторно во дресот на Вардар (ВИДЕО)
СледноГонзало Гарсиа ќе биде нов тренер на Трајковски во Хајдук