Калафиори со својот менаџер виден во Барселона, дали Флик ќе добие нов бек?

550

Левиот бек на Арсенал, Италијанецот Рикардо Калафиори, вчера е виден во Барселона. Според некои информации тој дошол во Барселона за да го прослави својот 23-ти роденден, но она што е интересно, бил во друштво на својот менаџер, во познат ресторан.

Калафиори, под водство на Артета, играше помалку од очекуваното во својата прва година во Лондон и некои новинари пишуваат дека тој е подготвен за промена на средината.

Не е тајна дека Барса бара моќно бек-крило, што наведува дека Калафиори е една отворена опција за Каталонците. Флик беше слаб на позицијата бек и најверојатно ќе инсистира ова лето да се доведе ново засилување токму на оваа позиција. Дали Калафиори беше во Барса за прославата на роденденот или некоја тајна средба со Барселона, ќе се дознае летово.

ПретходноДали е можно: Роналдо во дресот на Бока Јуниорс на Светското клупско првенство?!
СледноМасар Омерагиќ: Тренерот и директорот на Кожуф кажале дека мечот со Башкими треба да се загуби!