Откако и дефинитивно стана јасно дека Кристијано Роналдо не само што нема да игра со Ал Наср на СКП, туку веројатно за него заврши прикказната со овој клуб од С. Арабија.
Па така во светот на фудбалот една од главните шпекулации е дали, а ФИФА има таква желба и тоа како, Португалецот да најде клуб со кој би играл ова лето во САД на Светското клупско првенство.
Па така во Аргентина денеска главна тема е таа дека Бока Јуниорс, култниот клуб од земјата која е светски првак би можела да испрати понуда до Роналдо.
Ова е за рубриката – Дали е можно?
Инаку медиумите го “селат“ Роналдо во Мексико, за да може да игра заедно со Рамос на СКП, потоа во некои од клубовите во Англија.
Сега на потег е самиот Кристијано.
ФОТО: ФЦ АЛ Наср/Х