Според Лука Модриќ ова се петте најдобри играчи на сите времиња… меѓу нив не се Меси и Роналдо!

5315

Лука Модриќ ќе остане како една од најголемите легенди на Реал Мадрид, засега е најтрофеен во историјата на овој клуб.

И кога е така тогаш неговото мислење секако треба да се респектира. Интересно е за тоа што мисли тој за тоа кои фудбалери заслужуваат, според него, на врвот на топ листите на сите времиња.

Хрватот ги одбра тие петтмина, а интересно е тоа што на тој список ги нема Лео Меси и Кристијано Роналдо. Со вториот играше заедно во Реал долги години, а со првиот имаше безброј дуели кога се играше Ел Класико.

Јасно е, малку е чудно, но ова се петте најдобри фудбалери на сите времиња според Лука Модриќ и тоа редоследно:

Диего Марадона, Франческо Тоти, Роналдо Назарио, Ѕвонимир Бобан и Зинедин Зидан.

Секој си има свои вкусови, па и Лука.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/Х

ПретходноНеверојатно што вели Аморим:“Неиграњето во ЛШ за нас може да биде и предност“!
СледноПретседателот Омерагиќ на брифинг со новинарите за тековните фудбалски прашања