Пресврт: Беса ќе игра во ВМФЛ!

2300

Клубот од Добри Дол, кој во неделата беше поразен од Башкими во бараж мечот во Кавадарци за пополнување на ПМФЛ, сепак има намера да игра во Втората лига.

Ова е пресврт ако се знае дека по поразот од кумановци и враќањето во ВМФЛ, раководството на Беса со официјално соопштение истакна дека нема на

мера веќе да има прв тим и нема да игра во Втора лига во иднина.

Сепак денеска прсврт. Имено најавите се дека Беса најверојатно ќе настапува следната сезона во ВМФЛ. Ова не е официјална одлука, таа ќе се знае најдоцна до петок, ама големи се шансите тоа да се случи.

Дури потоа ќе се види што и како со стручниот штаб и кои од играчите би останале да играат во ВМФЛ.

ПретходноОмерагиќ: Во следната сезона мечевите од ПМФЛ ќе се играат во петок, сабота и недела и сите ќе ги има низ ТВ преноси!
СледноДарко Чурлинов се збогуваше со Јагелонија!