Клуб од Словенија со понуда до Лука Модриќ!

654

Откако сега и дефинитивно се знае дека по 13 сезони Лука Модриќ си заминува од Реал Мадрид, главна тема во светот на фудбалот е каде тоа Хрватот ќе ја продолжи својата кариера.

Неговата цел е јасна, да одигра барем уште една година за да може следното лето, по СП 2026 и официјално играчки се пензионира.

Јасно е дека Лука е баран, најинтересни се оние понуди од Саудиска Арабија и САД, но сепак има такви од овие предели.

Имено како што прнесуваа медиумите во Словенија, Олимпија кој важи за најголем клуб во таа земја, веќе испратила понуда до менаџерите на Лука Модриќ.

Сега останува да се види дали Лука би ја продолжил кариерата во Љубљана, во НК Олимпија.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ

ПретходноДарко Чурлинов се збогуваше со Јагелонија!
СледноМладите пинг-понгари со забележителни настапи на БП во Бугарија