Неверојатно што вели Аморим:“Неиграњето во ЛШ за нас може да биде и предност“!

714
фото: Manchester United (X)

И дефинитивно сезоната што е зад нас може да се оцени како катастрофална за Манчестер Јунајтед. Не само поради тоа што не осоен трофеј, туку не е изборен и пласман во Европа.

Тоа секако за таков гигант е рамно на катастрофа.

Манчестер Јунајте имаше супер шанса следната сезона да се наде во Лигхата на Шампионите, но поразот од Тотенхем во Билбао во финалето на Лигата на Европа, значеше дека оваа сезона за гигантот од “Олд Трафорд“ ќе биде ужасна.

По сето ова интересни се и коментарите на тренерот Рубен Аморим кој сака прво да ги утеши фановите а потоа и сите во клубот со изјавите дека неиграњето во Лигата на Шампионите не само што не е катастрофа, туку, замислете, можело да биде и предност:

Морам да кажам дека неиграњето во ЛШ за нас може да биде и предност за тоа што подобро да се претставиме во ПЛ, за подобро да се подготвуваме за натпреварите на домашна сцена, да го изградиме тоа јадро на тимот што ќе ни биде потребно за во иднина. Затоа сметам дека неиграњето во Европа би требало да го искористиме“ истакна Португалецот.

Претходно“Публиката треба да биде нашиот седми играч“
СледноСпоред Лука Модриќ ова се петте најдобри играчи на сите времиња… меѓу нив не се Меси и Роналдо!