Против Ерменија и Романија со 50% од капацитетот на Националната Арена

409

За септемвриските квалификациски натпревари на нашата фудбалска репрезентација против Ерменија (2 септември) и против Романија (8 септември), Фудбалската федерација на Македонија ќе ги отвори вратите на Националната Арена со 50% од капацитетот на местата.

Како што потврдија од ФФМ, и за двата меча според последната одлука на Владата донесена вчера, ќе може да присуствуваат максимално по околу 16.000 гледачи. За влез на стадионот ќе важат одлуките на Владата, односно влез е дозволен само со приложување на сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Цената на билетите за двата меча ќе биде објавена деновиве. Ова ќе биде добра шанса за нашите навивачи да го поздрават новиот селектор и најголемиот дел од нашите херои кои летово имаа дебитантски настап на Еуро 2020.

ПретходноМладите до 16 години ремизираа на првиот тест со Турција
СледноПрилепчани едвај дочекаа: По 4 години повторно на „Гоце Делчев“ (ФОТО)