Државата и даде стан за освоен медал на ЛОИ во Токио, таа му го подари на тренерот!

521

Украинката Ирина Колјаденко, која освои бронза на Олимписките игри во Токио во борење слободен стил, одлучи да му го даде станот дониран од државата на нејзиниот личен тренер Владимир Јаременко. Колјаденко изјавила дела гувернерот на регионот Киев, Василиј Володин и ги предал клучевите од еднособен стан со површина од 41 квадратни метри во нејзиниот роден град Ирпен, но таа се откажа од него во полза на нејзиниот тренер.

„Утре можам да започнам со реновирање, но зад сите мои победи стои едно лице. Тоа е мојот тренер, со кого работев осум години“, додаде Колјаденко.

Борачката вели дека нејзиниот тренер во моментов има проблеми со домувањето, па затоа одлучила да се откаже од имотот во негова корист.

„Вие го заслужувате! И продолжувам да сонувам и работам за да ги остварам соништата“, порача спортистката.

ПретходноАрсенал се „повампири“: Шест гола против ВБА, нешто што не се случило од 2017-тата
СледноШахтјор е последниот патник во Лигата на Шампионите, познати се сите шешири!