Фудбалерите на Шериф Тираспол, новиот клуб на нашиот репрезентативец Бобан Николов, испишаа клупска историја, откако во третиот обид успеаја да го минат плеј-офот во Лигата на шампионите и за првпат да се најдат во групната фаза од најсилното европско клупско натпреварување.
Молдавците останаа непоразени вечерва во Загреб (0:0) на реванш дуелот со Динамо, па поради убедливите 3:0 на првиот меч се промовираа во еден од последните три патници на утрешната ждрепка за групите во новата сезона на УЕФА ЛШ. Откако во 2009 и 2010 година двапати стигнуваа до плеј-офот и двапати беа сопрени од Олимпијакос и Базел, сега моќниот молдавски тим кој е вистинска „Легија на странци“ успеа да го запише најславниот ден во своето клупско постоење.
Салцбург, пак, го повтори одличниот резултат од првиот меч со Брондби, па славеше и вечерва во Данска со 2:1. За само 10 минути на стартот од мечот, австрискиот гигант постигна два гола и го најави севкупниот успех.
Брондби до крајот постигна гол за конечни 1:2 и се прости од идејата за место во групната фаза, каде Салцбург ќе игра седма сезона едноподруго.
Во последниот дуел, Монако успеа да слави над Шахтјор во Харков со 2:1 и по поразот од 1:0 на домашен терен да се избори за продолженија.