Кратовци лани настапија во квалификациите во Лигата на Шампионите, а сега се пред две финалиња што се вели. Имено Силекс утре игра во финалето на Купот на Македонија, а во вторник го игра баражот со Тиквеш за опстанок во фудбалската елита. Значи за пет дена кратовци ги играат двете најважни средби во сезоната.
Во иста ваква ситуација се најде тимот на Маџари во тој мај 2005 година и не се прослави. Не само што го загуби финалето од Башкими, туку го загуби баражот за опстанок во ПМФЛ и тоа од Македонија ЃП. Сепак мора да се каже дека и двата меча во најмала рака беа контроверзни, а Маџари не успеа да се снајде во тие моменти.
Тогаш Маџари не само што не го освои Купот, не само што не искочи во Европа туку испадна и од ПМФЛ.