Официјално: Динамо го продаде Сучиќ во Интер

388

Така тоа функционира во тимот на Динамо Загреб. Најдобриот играч оди во финалистот на овогодинешната Лига на Шампиони. Досегашниот играч број еден на „Модрите“ Петар Сучиќ е официјално нов играч на Интер.

Она што се најавуваше подолг период, вечерва добива и официјализација. Интер го купува Сучиќ како дел од реконструкцијата на тимот која следува неминовно по големиот успех кој што е остварен сезонава. Иако истиот импресионира, да се стигне до финалето од Лигата на Шампионите воопшто не е лесно, јасно е дека летово во Милано ќе има многу промени.

Интерено, Сучиќ е роден во Босна и настапуваше за младинските селекции на оваа земја но на крајот се одлучи за Хрватска.

ПретходноПелистер без Кузмановски против Алкалоид
СледноБелингам помладиот по стапките на брат му и ќе игра за Дортмунд