Пролет победнички низ Куманово, Радовиш осигура местото во Супер-лигата

105

Пролет го совладаа Куманово со 22-27 на гостински терен и се доближи до првото место на табелата во плеј-аутот. Скопскиот тим до триумфот дојде благодарение на добрата игра во второто полувре. После 11-12 на одморот, во самиот финиш на мечот Пролет со 4-0 дојде на 27-21.

Палевски даде девет гола, осум голови постигна Мице Шилегов. Кај Куманово, Димевски постигна осум погодоци.Радовиш славеше кај против Прилеп со 33-31 и го осигура местото во Супер-лигата и идната сеозна. Во последните мигови се влезе со нерешен резултат 30-30, а потоа радовишани успеаја да стигнат до потребниот триумф.

Здравко Постолов со 13 голови го носеше тимот на Радовиш до оваа победа. Кај Прилеп, пак, се истакна Шабановиќ кој постигна десет голови.

ПретходноЈувентус планира да го спаси Антони од враќање на Олд Трафорд
СледноПреку програмата на ФФМ, клубовите од ОФС Гази Баба добија комплетна спортска опрема! (ФОТО)