Ерменците почнаа со тренинзи, во понеделник доаѓаат во Скопје (ФОТО)

156

Репрезентацијата на Ерменија која е прв противник на Македонија во септемвриското продолжение на квалификациите за СП 2022, денеска започна да тренира на тренинг центарот на Ерменската федерација.  Според информациите, на првата тренинг сесија под водство на селекторот Капарош се појавиле 12 играчи.

Дел од репрезентативците од ерменското првенство се уште имаат клупски обврски, па според најавите на селекцијата ќе и се приклучат од сабота. Ерменците во Скопје ќе допатуваат со чартер лет в понеделник наутро.

ПретходноВаленсија го престави Нено: Димитријевиќ потпиша 4-годишен договор (ВИДЕО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Кореа е ново засилување за Интер