Живко Мукаетов: ОГРОМНО благодарам на Кирил Лазаров, огромно БРАВО за момците кои јуначки се бореа!

1505

РК Алкалоид и официјално е првак во ЕХФ Европскиот Куп. Ова е прва и историска европска титула за младиот клуб, кој покажа како треба, кој покажа дека со македонски ракометари и македонски тренер може да се дојде до европски успех.

Живко Мукаетов, првиот човек на клубот и компанијата Алкалоид, среќен по освојувањето на европскиот трофеј се огласи на своите социјални мрежи.

Еве што напиша човекот кој и тоа како има визија…

Со визија изградена врз млади македонски таленти, силна верба во тимот и професионализам според светски стандарди – РК Алкалоид испиша нова страница во европскиот ракомет. Многумина не веруваа дека е возможно да се стигне толку брзо од салата во Автокоманда до врвот на Европскиот куп, но малку е ако кажам дека ми е навистина драго што успеавме!
А како? Со напорна работа, максимална посветеност, силен тимски дух, верба во фер-плејот и лидерство какво секој би посакал на клупата. Искрени честитки и од срце ОГРОМНО благодарам на @kiril.lazarov7 кој и официјално стана прв македонски тренер во историјата на македонскиот ракомет кој освоил Европски трофеј.
Огромно БРАВО за момците кои јуначки и витешки се бореа на секој меч! Секоја чест на стручниот штаб за професионално сработените задачи – докажавме дека со чесен, искрен и транспарентен пристап, без скриени ракавици и задкулисни игри, успехот секогаш сам доаѓа! ?
За крај, и над сѐ, благодарност од СРЦЕ на прекрасната публика: вработените во @alkaloidskopje прекрасните #кафетинки
подмладокот од @rkalkaloid и @rkmultiessence – кои безрезервно ги бодреа своите идоли, како и непоправливите ‘ентузијасти’ кои верно нѐ следат на секој натпревар ?
Поздрав од плаво-белите од Автокоманда!

Одиме понатаму
Со верба во себе и верба во Бога!
НАПРЕД АЛКАЛОИД!

ПретходноКонечно вистински Ол-стар, САД против остатокот од светот!
СледноЦентарот за едукација на ФФМ организираше три семинари за УЕФА тренерска лиценца