Аргентинскиот офанзивен играч за врска Хоакин Кореа се пресели од Лацио во Интер на позајмица со обврска за откуп од 30 милиони евра. Веста денеска ја потврдија и од Интер.
Кореа минатата сезона одигра 38 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 голови и постигна 6 асистенции. Пред Лацио, тој играше за шпанска Севиља, италијанска Сампдорија и аргентинските клубови Естудијантес и Ривер Плата.
Откко ќе му заврши позајмицата идната сезона, Интер има обврска да потпише договор со него до јуни 2025 година.