Барди: Само ако играме како тим можеме да направиме нешто!

216

Во очекување на утрешниот меч со Белгија во Скопје, капитенот на репрезентацијата, Енис Барди, пред новинарите ги изнесе очекувањата од пресметката која ќе биде вистинско дерби во овој квалификациски циклус за СП 2026.

„Знаеме што значи да се игра дома. Мора да покажеме дека кај нас дома е многу тешко да не победат. Сме одиграле добро и сме имале позитивни резултати против силни селекции дома. Максимумот се подразбира. Мора секој од нас да го знае тоа и да биде 100% во мечот утре. На хартија секогаш ќе има фаворити, но на терен не смееме да дозволиме никој да не изненади. За да направиш нешто мора да веруваш во тоа. Сите мора тоа да го направиме. На домашен терен не смееме лесно да се предадеме. Напротив. Домашниот терен мора да ни е најсилно оружје. Секако, само како тим може нешто да направиме“, вели капитенот на нашата селекција.

ПретходноМилевски: Гледам нешто што ми дава надеж дека утре со Белгија ќе биде поинаку од досега
СледноНов договор: Камерунецот Донгмо и следната сезона ќе „командува“ во средниот ред на Вардар