Чудесен пресврт на Индијана и кош за победа на 0,3 секунди до крајот (ВИДЕО)

1102

Индијана оствари драматична победа на гостински терен кај Оклахома Сити Тандер со 111:110 и поведе со 1:0 во финалната серија на НБА, која се игра до четири победи.

Херојот на големата победа беше Тајрис Халибертон. Тандер водеше со 110:109 и имаше напад 11 секунди пред крајот, но МВП-то на најсилната лига, Шеј Гилџиус-Александер, промаши. Топката ја зеде Халибертон и со скок-шут 0.3 секунди пред последниот свиреж погоди за целосен пресврт, прво водство за Пејсерс и победа.

Играчите и навивачите на Оклахома во преполната сала беа во шок, бидејќи Тандер водеше цел натпревар и тоа убедливо. Во последната четвртина имаа дури 15 поени предност, а една минута и 27 секунди пред крајот водеа со пет поени. Но, не успеаја да ја задржат предноста.

Победата беше тимска. Шестмина играчи постигнаа двоцифрен број поени, а тројца имаа дабл-дабл. Паскал Сиакам го предводеше тимот со 19 поени и 10 скока. Оби Топин имаше 17 поени. Мајлс Тарнер постигна 15 поени и девет скока. Нембхард и Халибуртон постигнаа по 14 поени, а вториот имаше и 10 скока и шест асистенции.

Оклахома ја предводеше Гилџус-Александар со 38 поени (14/30 шут од поле), но му недостасуваа вистински соработници. Вилијамс постигна 17 поени и шест асистенции.

ПретходноГолеада во Штутгарт: Шпанија ќе ја брани титулата во Лигата на нации
СледноМбапе: Ако надополнувањето е пет минути -тогаш мора да се играат пет минути!