
Во пресрет на третиот дуел од актуелнтие Мундијалски квалификации на Македонија вечерва во Скопје ни гостува селекцијата на Белгија. На Арената од 20:45 ќе настапи фаворитот во нашата група кој што за прв пати се појавува во оваа кампања.
За Белгија не треба да се трошат зборови, сериозен состав преполн со класа играчи и звезди.
Секогаш се во самиот врв на европскиот и светски фудбал, колективниот квалитет никогаш не бил под знак прашалник, како ни индивидуалниот.
Па така, вечерва на Арената највредни играчи кој ќе настапат се Жереми Доку од Манчестер Сити, Луис Опенда од Ред Бул Лајпциг, како и Амаду Онана дефанзивецот на Астон Вила кои што вредат по 50 милиони евра според Трансфермаркт. Јури Тилеманс, неговиот соиграч вреди 38. милиони, а Малик Фофана од Лион чини осум милиони помалку.
Ветеранот Кевин Де Брујне кој е во зрели играчки години, 33, вреди 20. милиона, додека пак, Ромелу Лукаку два милиона повеќе.
Ние можеме да се пофалиме со еден играч кој што на трансфер пазарот во моментов има цена над десет милиони евра, а тоа е Елиф Елмас, кој што е проценет на 14. милиони. Столе Димитриевски е на три, додека пак Енис Барди има вредност од 700.000 евра повеќе.
Сепак, колку и да ова звучи импресионирачки кога станува збор за белгиските репрезентативци, тоа се само бројки на хартија и ништо повеќе. Срцето, храброста и желбата да се даде се од себе, имаат далеку поголема вредност во вакви дуели.