Џовани Симеоне, синот на Диего Симеоне тренерот на Атлетико Мадрид, ги смени клупските бои. Го напушти Каљари но остана во Италија со тоа што потпиша за Верона. Иако имаше разговори со Олимпик Марсеј, сепак, помладиот Симеоне одлучи да оди во клубот од градот на Ромео и Јулија.
Верона плати 1 милиони евра за позајмица на една сезона, со тоа што има опција да го откупи договорот за 12 милиони евра. Инаку напаѓачот ќе го носи дресот со број 99.
Симеоне минатата сезона постигна шест гола во 35 настапи за Каљари.
🇦🇷 𝙀𝙇 𝙉𝙐𝙀𝙑𝙊 𝘿𝙀𝙇𝘼𝙉𝙏𝙀𝙍𝙊 𝘿𝙀 𝙑𝙀𝙍𝙊𝙉𝘼 🇦🇷
Welcome to #HVFC, #Cholito! 🤩🟨🟦#WelcomeSimeone pic.twitter.com/n3VHz9XiR1
— Hellas Verona FC (@HellasVeronaFC) August 26, 2021