Она што “СпортСпорт“ уште на 18 мај ексклузивно го најави, од денеска е и официјално. Бојан Маркоски е нов шеф на стручниот штаб на Работнички. По заминувањето на Горан Станиќ во У21 селецијата на Македонија, раководството на клубот од Градски парк се одлучи да му ја даде довербата на неговиот досегашен помошник, кој му помошник и во младата селекција.
Инаку Маркоски е поранешен фудбалер на Работнички.
Пред Маркоски е голем предизвик, Работнички по пауза од седум години ќе игра во фудбалска Европа.
ФОТО:ФК Работнички/ФБ