Силекс се засили и со Кристијан Велиновски!(ФОТО)

370

Кратовци како да не знаат за доста во овој преоден рок. Имено денеска на своите социјални мрежи се пофалија дека се засилиле и со Кристијан Велиновски. Станува збор за офанзивец кој има 26 години а последен клуб му бил Гошк Габела од БиХ. Има играно и за нашата млада селекција до 21 година, а во ПМФЛ настапувал за Брегалница, Брера и има интернационално искуство и во Азербејџан, во тимот на Сумгејт.

Се разбира дека со Велиновски, но и сите оние засилувања досега, Силекс најавува дека и во следната сезона посакува да биде при врвот во мак – фудбалот.

Инаку ова лето кратовци ги чека и настап во Европа.

ФОТО: ФК Силекс/ФБ

ПретходноНајавено, па потврдено: Бојан Маркоски и официјално на клупата на Работнички! (ФОТО)
СледноАлкалоид со победа се одјави во Автокоманда