Полувреме: Барди со супер шанса, Елмас и Алиоски гаѓаа стативи, ама Белгија со водство!

487

Заврши првото полувреме од мечот Македонија – Белгија, во рамките на квалификациите за СП 2026, со резултат 0:1, а можеше се да биде поинаку, ако имавме барем малку среќа.

Белгија почна агресивно, имаше неколку закани, но по 15.минута Македонија се ослободи од притисокот и имаше супер шанса преку Барди за водство. Во еден напад во два наврати ја погодивме стативата на гостите, Елмас и Алиоски немаа среќа.

Казната стигна во 28.минута кога Де Кујпер погоди за 0:1 откако Лукаку претходно беше во нашиот казнет простор и направи мешаница за да Де Кујпер се најде сам пред голот на Димитриевски за водство на Белгија.

Што се однесува до Столе, тој фантастично одбрани по шутот на Салемакерс во 22.минута.

ПретходноГрците не се шегуваат: Газдата на Панатинаикос доби жестока казна!
СледноОдбојкарките со ефектни 3:0 против Ф. Острови за втора победа