Македонската фудбалска репрезентација попладнево отшатува за Казахстан, каде во понеденик од 16 часот во Астана, во меч од 4.коло во квалификациската група Ј се среќава со оваа селекција.
Јасно е дека по добрите игри и резултати, посебно по вчерашното реми, атмосферата во нашиот табор е одлична. Исто така е јасно дека “рисовите“ летнаа за Астана по три бода, тука нема дилеми.
Инак се патува со чартер од Скопје директно до главниот град на Казахстан. Поради повреди на списокот на патници ги немаше Исник Алими и Бојан Димоски.