Од Истанбул, Игор Д. Ивановски
Наградата за најдобар одбранбен фудбалер или дефанзивец во Лигата на шампионите за минатата сезона му припадна на бекот на Манчестер Сити, Рубен Диаз. Во трката по првото место Диаз го победи дуото на Челзи Сезар Аспиликуета и Антонио Ридигер. Тој освои 217 поени од гласовите на тренерите учесници во ЛШ минатата сезона, како и селекторите од ЕУРО 2020 и новинарите од сите 55 членки на УЕФА.