Пелистер за првпат во својата историја успеа да освои три титули во низа, откако синоќа во СЦ „Јане Сандански“ го победи Вардар 1961 со 30-32 во драматична завршница.
За битолчани титулата број девет се чини е најслатка. Не само што му се реваншираа на својот најголем кконкурент за поразот во Купот на Македонија, туку тоа го сторија во Скопје, последен пат на теренот на „црвено-црните“ славеле во март 2022 година. Ова е годината кога Вардар 1961 последен пат ја освои титулата.
Во Битола започна славјето. Прво се славеше во Скопје, а потоа ракометарите на старо-новиот првак беа пречекани од своите навивачи.
Пелистер на својата официјална страница сподели и слика направена со вештачка интелегенција, во преден план е Филип Кузмановски, под него се ракометарите на Вардар, а капитенот на Пелистер со пехарот стои пред споменикот на Александар Македонски.
View this post on Instagram
View this post on Instagram