Седница на У.О. на ФФМ: Васко Дојчиновски нов претседател на Комисијата за натпревари!

396

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.

Реформите кои ги најави раководството на Фудбалската федерација на Македонија се случуваат со конкретни одлуки и промени во натпреварувачкиот систем.

„Го менуваме системот одвнатре, поставувајќи темели за пофункционален, поквалитетен и стабилен развој на МФЛ„, порачаа од ФФМ. 

Во продолжение следат одлуките кои беа донесени на последниот УО, а дел од нив ги најавивме пред два дена, како за Опен Балкан, младинци…

Именување на нов претседател на Комисијата за натпреварување

Управниот одбор на ФФМ ја донесе одлуката за именување на Васко Дојчиновски за претседател на Комисијата за натпреварување.

Нова структура на натпреварувачкиот систем од сезона 2026/27

Едногласно беше прифатен предлогот на работната група (Агим Ибраими, Сашо Здравевски и Игор Франговски) за промена на системот на натпреварување во македонските фудбалски лиги.

Со оваа одлука: Се усвојува нов систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27. Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.

Во продолжение, погледнете го моделот на новиот систем на натпреварување во МФЛ:

Систем за натпревари 2025-2028.pdf

Зголемување на таксите за регистрација на странски фудбалери

Со новата одлука, се зголемува износот на регистрациските такси за странски фудбалери, според следната скала:

За петтиот фудбалер / странец, таксата за регистрација ќе изнесува 6,500.00 евра;

За шестиот фудбалер / странец, таксата за регистрација ќе изнесува 9,000.00 евра;

За седмиот фудбалер / странец, таксата за регистрација ќе изнесува 11,500.00 евра;

За осмиот фудбалер / странец, таксата за регистрација ќе изнесува 16,500.00 евра;

 

Статус за играчи од државите на Отворен Балкан

Клубовите од Прва МФЛ ќе имаат право да регистрираат до двајца играчи од државите на „Отворен Балкан“ (Албанија, БиХ, Косово, Србија и Црна Гора), кои нема да се сметаат за странци при регистрација.

Пропозиции за млади категории и фудбалери до 21 година за сезона 2025/26

Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката, Комисиите кои ги водат натпреварувањата во организација на ФФМ, при подготовка на пропозициите за соодветното натпреварување, да го уредат правото на настап на фудбалери на следниот начин:

– Во натпреварувачката сезона 2025/26 право на настап како фудбалери до 21 година имаат сите фудбалери родени на 01.01.2004 година и подоцна.

– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – младинци имаат фудбалери родени на 01.01.2007 година до 31.12.2009 година.

– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – кадети имаат сите фудбалери родени на 01.01.2008 година до 31.12.2010 година.

– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – пионери имаат сите фудбалери родени од 01.01.2009 година до 31.12.2011 година.

– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – помлади пионери имаат сите фудбалери родени на 01.01.2010 година до 31.12.2012 година.

ПретходноПолицијата во Албанија на ниво на задачата: Навивач беше исфрлен зошто носеше провокативна маичка
СледноВардар потпиша тригодишни професионални договори со Мурџески и Марковски