Група Ј: Во Брисел играат Белгија и Велс, за нас многу интересно е каков ќе биде исходот!

535

Македонија од 16 часот во Астана игра со Казахстан, во натпревар од групата Ј во квалификациите за СП 2026.

Јасно е дека се очекува победа од нашите момци, тука нема дилеми, со оглед на моменталната форма на Македонија.

Инаку покрај овој натпревар, во нашата група се игра и дербито меѓу Белгија и Велс и тоа од 20:45 часот на стадионот “Кралот Бодуен“ во Брисел.

Секакако дека за нас овој меч е многу интересен и важен, во битката за првите две места во групата. Да потсетиме дека во пресрет на денешните мечеви Велс е прв со 7 бодови од 3 меча, Македонија е втора со 5 бода од три меча, Белгија има еден од еден натпревар.

Прашање е дали повеќе ни одговара победа на Белгија за по 4.коло бидеме први на табелата, или пак Велс да победи или одигра нерешено и со тоа на нас уште повеќе ни ги зголеми шансите за тоа второ место.

Еве како изгледа табелата во Ј групата пред денешните мечеви:

ТАБЕЛА

1.Велс 7 (3), 2.Македонија 5 (3), 3.Казахстан 3 (2), 4.Белгија 1 (1), 5. Лихтенштајн 0 (3).

Покрај овие два меча од групата Ј, вечерва од 20:45 часот се играат уште неколку средби во останатите групи на кои се среќаваат: Естонија – Норвешка, Ф.Острови – Гибралтар, Хрватска – Чешка и Италија – Молдавија.

ФОТО: Белгија Црвени Ѓаволи/ФБ

ПретходноМакедонија е фаворит според сите параметри, мали се шансите Казахстан и да извлече реми
СледноКако што и најавивме: Објавен е стартниот состав со кој ќе го нападнеме Казахстан! (ФОТО)