Од Истанбул, Игор Д. Ивановски
Стратегот на Челзи, Томас Тухел ја освои наградата за најдобар тренер во Лигата на шампионите за минатата сезона. Тој освои 378 поени во гласањето, а зад него се најдоа Роберто Манчини, селекторот на Италија со 292 поени и Пеп Гвардиола, стратегот на Манчестер Сити со 198 поени.
Да потсетиме за најдобрите гласаа 24 тренери на репрезентациите кои играа на ЕУРО 2020, 80 тренери на клубовите во ЛШ и во ЛЕ од сезоната 2020/21 како и 55 новинари од секоја земја членка на УЕФА, а македонски претставник е СПОРТМЕДИА.