Квалификации за СП 2026: Хрватска ја „петардираше“ Чешка, победи и за Италија и за Норвешка

491

Фудбалските репрезентации на Италија и Хрватска обезбедија важни победи во новата рунда од квалификациите за СП 2026. Вечерва во меч од групата „И“, Италија на домашен терен славеше со 2:0 против селекцијата на Молдавија и ја оствари првата победа во квалификациите, по разочарувачкиот старт и оној убедлив пораз од Норвешка. Распадори и Камбијасо погодија за победа на „аѕурите“ кои за последен пат ги водеше Лучијано Спалети, кој по овој меч заминува од селекторското место.

Во оваа група Норвешка ја продолжи доминацијата обезбедувајќи минимален триумф од 0:1 на гостувањето кај Естонија. Голот на Халанд во 62. минута им ја обезбеди четвртата победа на скандинавците за убедливо прво место во групата.

Standings provided by Sofascore

 

Хрватска на домашен терен ја прегази Чешка со 5:1. Крамариќ постигна два гола, а по еден и Перишиќ, Модриќ и Будимир за втора победа на „коцкестите“ во нивниот втор меч во групата „Л“. Во оваа група Фарските Острови со пресврт во вториот дел обезбедија победа на домашен терен над Гибралтар со 2:1.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЈуриќ седна на кормилото на Аталанта: Ова за мене е еден вид на вајлд-карта
СледноДе Брујне ги спаси Белгијците од нов „кикс“, Македонија лидер во групата „Ј“