Овации за Чупиќ и Вујо!

1172

Иако не е преполна салата “Јане Сандански“ за дуелот меѓу Вардар и ППД Загреб, сепак атмосферата е убава, онаа позната, вардарова.

Аплаузите од присутните при претставување на ракометарите на ППД Загреб, ги собра, се разбира Иван Чупиќ. Тој беше громогласно поздравен, а како и не би кога со овој ракометар се врзани сите најголеми и историски успеси на РК Вардар.

Секако дека фановите на Вардар со овации го поздрави и враќањето на клупата на нивниот миленик, Веселин Вујовиќ.

Вујо Мајсторе, одново е тука, меѓу вардарците и фановите.

ПретходноПоранешниот талент со македонски „корени“ потпиша за Караѓумрук
СледноИсторија: Линколн од Гибралтар во групната фаза во Конференциската лига!