Само што си замина од Хајдук, сега е на пат да стане селектор на Италија

192

Џенаро Гатузо ќе разговара за преземање на репрезентацијата на Италија директно со првиот човек на Федерацијата, Габриеле Гравина. Како што објавија италијанските медиуми, Гатузо се појави како фаворит за преземање на функцијата селектор на Италија откако Клаудио Раниери официјално ја одби понудата.

Според „Скај Спорт Италија“, 47-годишниот довчерашен тренер на хрватски Хајдук, ќе има рунда директни разговори со претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) за детално да разговараат за евентуалното назначување.

Гатузо веќе зборувал за негов ангажман на чело на националниот тим со Џанлуиџи Буфон, кој моментално е директор на националниот тим. Се наведува дека преговорите меѓу Гатузо и Гравина ќе се одржат до крајот на неделава.

ПретходноПет тима преговараат за Дурант, Хјустон е во најдобра позиција
СледноСлавков ги собра пионерките на подготовки за БП во Црна Гора