Она што беше најавено сега доби потврда. Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски го напушта Динамо Загреб.
Тој се приклучи на синиот клуб на почетокот на февруари 2021 година, а во меѓувреме освои осум трофеи: четири шампионски титули, два трофеи на победниците на Куповите и два Суперкупа. Одигра 185 официјални натпревари во Динамо со седум постигнати гола и 21 асистенција. Ако ги додадеме и пријателските дуели, бројката се искачува на 206 настапи.
„Навивачите на Динамо го прегрнаа во неговите рани денови, првенствено поради неговата силна енергија, ангажман и страст. На теренот, тој секогаш гордо го носеше дресот на Динамо и на крајот стана еден од ко-капитените на тимот. Целиот ГНК Динамо му се заблагодарува на Стефан за сè што даде за нашиот клуб и му посакува многу среќа и успех во остатокот од неговата кариера“, се вели во сооопштението на Динамо.