Македонската Дејвис куп репрезентација со максимални 3:0 го заврши дуелот од 4.коло од Третата Европска група на Дејвис купот против Ерменија што се игра во Скопје. По двете сингл победи на Стефан Мицов против Микаел Аванесјан и на Калин Ивановски против Микаел Аветисјан. Комплетниот триумф беше „заверен“ со победата во игра на двојки за максмиални 3:0. Ивановски и Мицов ги совладаа Самуел Агајан и Аветик Газарјан со 2-0 во сетови (64 63) за 1 час и 11 минути игра.
Македонската комбинација првиот сет го доби со еден брејк во деветтиот гем кога при резултат 4:4 успеаја да го одземат сервисот на ривалите. Слична слика беше и во вториот сет, каде по 2:2 во гемови Калин и Стефан направија брејк за 3:2, а потоа и во деветтиот гем имаа уште еден брејк за 6:3.
На другите два дуела од 4.коло: Летонија – Молдавија 2:1 и Црна Гора – Малта 3:0.
ТАБЕЛА: Летонија 4-0 (победи / порази); Црна Гора 3-1, Македонија 3-1, Молдавија 2-2, Малта 0-4 и Ерменија 0-4.
Утре во последното коло играат: Македонија – Летонија, Црна Гора – Молдавија и Малта – Ерменија.