Реал ја осигура иднината во одбраната: Асенсио со нов договор и клаузула од милијарда евра!

332
фото: Los Galácticos (X)

Реал Мадрид се согласи на нов договор со дефанзивецот Раул Асенсио. Според денеска објавените информации, договорот ќе биде продолжен до 2031 година. Платата на дефанзивецот ќе се зголеми, а откупната клаузула ќе биде 1 милијарда евра

Сегашниот договор кој Асенсио го има со Реал е до 2026 година.

Според новиот договор, платата на шпанскиот фудбалер значително ќе се зголеми. Минатата сезона, дефанзивецот одигра 23 натпревари во Ла Лига и имаше една асистенција.

ПретходноГерманска машина: Фуксе Берлин го растури Нант за историско финале во ЛШ
СледноФудбалерот на Интер заглавен во својата татковина, не може да патува на Светското првенство