Германска машина: Фуксе Берлин го растури Нант за историско финале во ЛШ

369
Фото: Füchse Berlin/Facebook

Фуксе Берлин за првпат во својата историја ќе игра финале во Лигата на шампиони. Бундес-лигашот одигра феноменално во полуфиналето против Нант го совлада со убедливи 34-24. За противник на патот до нова историја актуелниот германски првак ќе го има подобриот од мечот меѓу Магдебург и Барселона.

Екс-вардаровиот голман, Дејан Милосављев имаше 15 одбрани, прв стрелец беше Фрејхофер имаше десет гола. На другата страна Турна имаше шест гола.

Победата е уште поголема ако се земе во предвид дека Фуксе Берлин од 9-тата минута е без најдобриот ракометар, Матијас Гидсел, кој заработи црвен картон поради груб фаул.

Резултатот после првото полувреме беше 18-13, дека во 42-та минута тимот од Берлин водеше со 24-15, не искористи шанса да дојде на двоцифрена разлика, тоа го стори во 55. минута кога поведе со 32-21 за печат на доминацијата на овој натпревар.

ПретходноТомовски се збогуваше со Постдам: Навистина уживав во времето минато овде!
СледноРеал ја осигура иднината во одбраната: Асенсио со нов договор и клаузула од милијарда евра!