Грците ја искористија свежината: Трет пораз за Македонија во Златната лига

341
фото: CEV.eu

По вчерашниот тежок и исцрпувачки меч со Летонија во кој славевеме со 3:2, нашата машка одбојкарска репрезентација денеска немаше сили за изненадување против Грција. Реномираниот ривал со кого во август не чека тежок квалификациски меч за ЕП 2026, денеска славеше со максимален резултат, откако ова за нив беше прв меч на турнирот, пред оној утрешниот со Летонија.

ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА   3:0 (25-22, 25-21, 25-20)

Нашата најдобра шанса на денешниот дуел со Грција се чини беше во воведниот сет. Почнавме добро, успеавме да диктираме темпо и да имаме солидна предност се до средината на сетот (15:10), кога како да запревме. Грција почна да ги користи сите наши грешки и комплетно да го сврти сетот во своја полза. Дојде до водство од 18:17 и потоа успеа мирно да го приведе сетот во своја полза со 25:22.

Во вториот сет делувавме цврсто во првите дваесетина поени (10:8). Грците потоа го искористија рецептот од првиот сет и не ни дозволија да се понадеваме на освојување ниту на овој сет. Дојдоа до 25:21 и поведоа со 2:0.

Третиот сет го почнавме лошо, Миленкоски потоа му даде шанса на вториот техничар Стојанов, а во финишот на сетот кога Грција влезе со прилично висока предност (23:16), успеавме со серија поени да ја стопиме разликата. На крајот Грција дојде до 25:20 за 3:0 и за нова победа во Златната лига на ЦЕВ.

Триото Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов и Филип Савовски на денешниот дуел реализираа по 8 поени.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноСе ожени репрезентативецот Јани Атанасов
СледноВечерва почнува историското СП за клубови: На премиерата Интер Мајами против Ал Ахли