Судот во Фиренца осуди тројца доктори за смртта на Давиде Астори

351
Foto LaPresse - Jennifer Lorenzini 06/11/2017 Firenze ( Italia) Nazionale Italiana calcio Raduno della Nazionale italiana di calcio, Centro Tecnico Federale di Coverciano Nella foto: Davide Astori Photo LaPresse - Jennifer Lorenzini November, 06 2017 ( Italy) Sport Soccer Italy Italian Football meeting - "Coverciano" Ventura In the pic: Davide Astori

Некогашниот капитен на Фиорентина, Давиде Астрои кој ненадејно почина во 2018 година, повторно ги полни страниците во Италија.

Поточно, судот во Фиренца, кој што осуди на казна затвор тројца доктори кои за кои се процени дека имаат директна вина за неговата смрт.

Судењето беше поврзано со наводно фалсификување на медицински документи издадени на Астори, кој ненадејно почина на 4 март 2018 година. Како причина за смртта беше утврдена аритмогена деснострана кардиомиопатија .

Суд во Фиренца го осуди Џорџо Галанти, поранешен директор на спортска медицина во болницата „Кареџи“, на една година затвор. Д-р Лорија Тончели и професорот Пјетро Амедео Модести добија по осум месеци. Модести беше обвинет и за уништување на оригинален документ. Сепак, судот не ги прифати отежнувачките околности и изрече полесни казни од оние што ги побара обвинителството.

Судот ги отфрли барањата за надомест поднесени од адвокатите на роднините на Астори – неговата партнерка Франческа Фиорети, нивната ќерка Виторија, како и неговите родители и брат.

ПретходноВечерва почнува историското СП за клубови: На премиерата Интер Мајами против Ал Ахли
СледноБашкими се огласи, Јанакиевски повеќе не е тренер