Мурињо и Сон одржаа состанок, Кореецот на пат за Фенербахче

309

По се изгледа дека тимот на Фенербахче ќе добие сериозно засилување во името на Мин Сон, ѕвездата на тимот на Тотенхем.

Кореецот е на излезна врата од Лондон, а тоа планира да го искористи токму Жозе Мурињо кој што во моментов секако е тренер на Фенер.

Португалецот веќе одржал состанок со Сон и начелно се договорени деталите околу преминувањето на напаѓачот во Истанбул.

Турските клубови се секогаш раположени за придобивање на ѕвезди во залез токму како што е Сон во моментов, кои во еден период од кариерата биле на врвот на европскиот фудбал.

Кореецот не е ефтин ќе чини околу 30 милиони фунти, што пак од друга страна и не се проблем за екипа како Фенербахче.

 

 

ПретходноШортс со 30 поени му ја донесе првата победа на Париз во француското финале
СледноИ Арсенал го „откачи“ Ѓокерес, нема намера да „фрли“ 80 милиони евра