Ливерпул е целосно уверен во постигнување договор за трансферот на левиот бек Милош Керкез од Борнмут ова лето. Според новинарот Флоријан Плетенберг се очекува трансферот на 21-годишникот да биде комплетиран откако „црвените“ ќе го потпишат и објават играчот од средниот ред Флоријан Вирц.
Се нагласува дека е постигнат усмен договор меѓу англиските шампиони и Керкез.
Претходно, медиумите објавија дека Вирц ќе биде подложен на медицински преглед по враќањето од одмор, најверојатно следнава недела.