Шкендија која во саботата ги почна подготовките во Терме Чатеж во Словенија, веќе закажа и четири пријателски натпревари со одбрани противници.
Серијата тест-дуели за нашиот шампион започнува во вторник, 17 јуни, против романскиот тим ФК Аргеш Питешти во Зрече, а ќе продолжи со средби против Копер, ЦСКА Софија и Олимпија.
Вреди да се напомене дека последниот пријателски натпревар со Олимпија можеби и нема да се одржи, бидејќи словенечкиот шампион е потенцијален противник на Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите на УЕФА. Тоа ќе се знае по ждрепката во Нион во вториник.