Јунајтед за него плати 73 милиони евра, а тој на улица игра мал фудбал со другарите! (ВИДЕО)

481

Засега Матеус Куња е најголемото засилување во редовите на Манчестер Јунајтед. За него клубот од “Олд Трафорд“ плати 73 милиони евра и јасно дека и стратегот Рубен Аморим, а посебно фановите на Јунајтед очекуваат многу од Бразилецот. Откако настапи за селекцијата на Бразил во квалификациите за СП 2026, и откако го комплетираше големиот трансфер од Вулверхемптон во Манчестер Јунајтед, Куња замина на одмор во својот дом во градот Жоао Песоаи на истокот од Бразил.

А, таму, Куња не мирува, знае да одигра и некоја “партија“ мал фудбал со другарите од маало. Секако дека овој потег нема да им се допадне на луѓето во својот нов клуб, а посебно не на тренерот Рубен Аморим.

ПретходноУЕФА го скрати списокот со можните ривали на нашите екипи за 2.квалификациско коло во ЛШ и ЛК(ФОТО)
СледноРеал Мадрид ја одреди цената за Родриго!