Познат е распоредот во ПЛ за сезоната 2025/26: На стартот дуел меѓу Јунајтед и Арсенал, Чурлинов со Барнли на гости кај Тотенхем! (ФОТО)

787

На 15 август стартува новата сезона во Премиерлигата, најсилната лига во светот и тоа со мечот меѓу шампионот Ливерпул и Борнмут. Познат е целиот распоред, а на стартот во тоа прво коло за сезоната 2025/26 се игра големото, мега – дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал. Секако дека за нас интересно е тоа каде ќе игра Барнли, ако се знае, барем такви се најавите, дека нашиот репрезентативец во следната сезона ќе биде дел од повратникот во Премиерлигата.

May be a graphic of text that says 'Matchweek 1 FRIDAY 15 AUGUST Liverpool 20:00 SATURDAY 16 AUGUST Bournemouth Aston Villa 12:30 Newcastle Brighton 15:00 Nott'm Forest Fulham 15:00 Brentford Sunderland 15:00 West Ham Spurs 15:00 典 Wolves Burnley 17:30 Man City SUNDAY 17 AUGUST Chelsea 14:00 Man Utd crystal Palace Arsenali 16:30 Arsenal MONDAY 18 AUGUST Leeds 20:00 Everton Premier League 2025/26 Fixtures'

Па така Барнли со Чурлинов ќе му гостува на Тотенхем.

На останатите мечеви, барем оние поинтересните се среќаваат Астон Вила – Њукасл, Вулверхемптон – Манчестер Сити и Челзи – Кристал Палас.

Според очекувањата најголеми фаворити во битката за титулата се Ливерпул, Манчестер Сити и Арсенал, па и Челзи.

ФОТО: ПЛ/ФБ

ПретходноУ-14: Македонија одигра 1:1 со Албанија на гости
СледноЛШ: Шкендија, ако го мине ТНС, во 2.квалификациско коло ја чека двомеч со подобриот од дуелот ФЦСБ – Ескалдес!