ГРК Охрид извести дека има промена во учесниците на меморијалот „Крсте Андоновски“. АЕК нема да биде дел од овој турнир, на негово место ќе настапи Тримо Требње. Грчкиот тим се соочи со суспензија од страна на ЕХФ, откако одби да излезе на вториот финален натпревар против Алкалоид во СЦ „Борис Трајковски“.
Во групата А покрај домаќинот се наоѓаат Трошван, Партизан и Нексе, додека во групата Б се Вардар, Динамо Панчево, Пелистер и Тримо Трбње.
Турнирот ќе се одржи од 19-23 август.