ЛК: Вардар ако го мине првото коло, ќе си закаже двомеч со Лозана!

652

Во Нион се одржа и ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, за нас најинтересно ако се знае дека има шанси да се најдат дури четири екипи, или најмалку една. Имено познато е дека ако Шкендија биде елиминирана од ТНС во 1.квалификациско коло тогаш ќе се префрли во 2.квалификациско коло во ЛК.

Во тој случај ќе ги одмери силите со поразениот тим од двојката Дрита (Косово) и Диферданж (Луксембург).Така сакаше ждрепката.

Вардар ако ја мине Ла Фиорита од Сан Марино на стартот, тогаш во следната фаза во квалификациите во Лигата на Конференции ќе ги одмери силите со Лозана од Швајцарија. Интересно ждрепка за нашиот најтрофеен клуб.

Работнички како што е познато во првата рунда се среќава со Торпедо Белаз од Белорусија, и ако го мине тоа воведно коло потоа ќе игра со Макаби Хаифа од Израел.

Силекс на стартот за ривал го има Дечиќ од Црна Гора. Во случаја кратовци да бидат подобри од Црногорците, тогаш во 2.квалификациско коло во ЛК се среќаваат со Рапид од Австрија, секако дека тешка ждрепка за кратовци.

Натпреварите од 2.квалификациско коло во ова натпреварување се закажани за 24 и 31 јули.

ПретходноОва се двојките за 2.квалификациско коло во ЛШ! Ц. Звезда има многу лесна задача!
СледноЛегендарниот Хрват Марио Келентриќ е нов тренер на голманите во Вардар