Пелистер тргна, Илиевски има Дрим тим за титули (ФОТО)

464

Екипата на Пелистер означи старт на подготовките за новата сезона. Битолчани во истата си поставија високи цели, а за тоа говорат засилувања, но и целокупниот ростер со кој ќе располага тренерот Марјан Илиевски.

Се чини нема простор за изговори, Пелистер има тим за титули, но и за достојно претставување во АБА2 лига.

Нови имиња се Димитар Караџовски, Љубомир Младеновски, Стојан Ѓуроски, Марјан Младеновиќ, Тајлер Чиз и Дејвид Хотон.

“Чувствувам дека имам незавршена работа од минатата сезона. На хартија сме поквалитетни од минатата година. Во ростерот имаме повеќе измени и играчи кои може да одговорат како на домашната, така и на меѓународната сцена”, изјави Илиевски.

ПретходноУште една “бомба“: ПСЖ го купува и Левандовски за 120 милиони евра!
СледноМорено е избран за најдобар играч во ЛЕ!